Адреса: Козле 93-16

ЧПП

Shape
  • Дали вашите резултати се релевантни?

    Уредите на Екомонитор користат сензори од производители кои се апсолутни лидери во своите области: Honeywell, Bosch, SPEC, Texas Instruments и останати.

  • Дали вашите уреди се сертифицирани?

    Сите сензори доаѓаат со CE сертификат - што значи дека ги задоволуваат стандардите на Европската Унија

  • Дали комуникациската станица е штетна по здавјето?

    Не, фреквенцијата на која што работи комуникациската станица е 3 пати помала од фреквенцијата на вашиот рутер за WiFi кој го имате дома! Дополнително, сите комуиникациски чипови кои ги користиме доаѓаат со медицински сертификат дека не се штетни по здравјето. Повеќе информации има во делот Документи.

  • Чиј производ е Екомонитор?

    Екомонитор е македонски производ, произведен во Република Северна Македонија и одредени делови се патентирани во Завод за индустриска сопственост.

  • Дали давате гаранција на уредите кои ги продавате?

    Еден од главните адути кои ги нуди нашата компанија е 5 годишна гаранција и обезбеден сервис и одржување на мерните и комуникациските уреди.

  • Каде можам да ги видам изворните вредности?

    Наскоро - кога ќе заврши периодот на тестирање, ќе биде овозможено да ги преземете вредностите во изворната форма. Опцијата ќе биде достапна на веб сајтот ekodata.live. Потоа податоците можете да ги обработувате статистички, да ги користите за ваши научни трудови и слично - БЕСПЛАТНО!

  • Дали уредите имаат можност за надоградба?

    Уредите на Екомонитор во својата основна конфигурација доаѓаат со одреден број на сензори (ПМ честички, температура, притисок, влажност, низа на гасови, сонично загадување). Во специјални услови, онаму каде што има потреба или по желба на клиентот - се додаваат и други сензори како што се: ветромер, гама радијација, UV зрачење, киселост и влага на почва и други. Дополнително, системот за рана детекција на пожар претставува засебен уред - сеуште е во фаза на развој.

ОДГОВОРИ

Најчесто поставувани прашања

Одговори на дел од прашањата кои најчесто ги добиваме за нас и нашиот производ.

Дополнителни прашања?

Со задоволство ќе ви одговориме! Ве молиме пополнете ја контакт формата.