Адреса: Козле 93-16

Хиперлокална прецизност

Shape

Што значи хиперлокална прецизност и мерења?

Хиперлокална прецизност и мерења значи дека со голема точност дури и на ниво на улица може да се утврди колкаво е загадувањето и другите параметри кои се мерат. Ова е овозможено од големиот број на уреди на релативно мало растојание.

Локациите кои се бираат во соработка со купувачите (без разлика дали станува збор за локална власт или приватни компании) се вообичаено локации со критични параметри. Ова значи дека поставувањето на мерните уреди е добро осмислено, со цел податоците да не бидат тенденциозни – туку реални.

Досегашните системи за мерење се недоволни во обем и количина на податоци и не ја опфаќаат целата територија на државата.

Мерењето мора да биде хиперлокално, бидејќи резултатите можат да бидат различни дури и на ниво на две паралелни улици во некоја урбана средина.