Адреса: Козле 93-16

Мерни станици во Велес

blog image

За да можеме да го следиме загадувањето на дневна основа и да измериме од каде потекнува загадувањето ЕД Вила Зора во соработка со ИНФОПРОJЕКТ на територијата на општина Велес оваа недела ќе постави 3 мерни станици, распоредени на различни локалации: центарот на грaдот(за да се следи влијанието на сообраќајот), нова населба(влијанието на домаќинствата) и Шорка (во близина на индустриската зона). Мерните станици се дадени на времено користење. Граѓаните резултатите и измерените вредности ќе може да ги следат на банер кој ќе биде поставен на страницата на ЕД Вила Зора.

Мерните станици ќе мерат:

ПМ 10 честички

ПМ 2,5 честички

Азот Диоксид NO2

Јаглероден Моноксид CO

Сулфур Диоксид SO2

Брзина на ветер

Температура

Атмосверски притисок

Бучава

Влажност

Овие мерни станици се според ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ.

Истите се изработуваат по проект добиен од ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ.

Веста е преземена од официјалната страна на ЕД „Вила Зора“ Велес. Линк до оригиналната содржина.