Борбата против загадувањето на воздухот започнува со негово мерење

Опрема

Интегриран уред со вградени сензори за мерење на квалитетот на воздухот

 

– Азот диоксид сензор(NO2)

– Јагерод моноксид сензор (CO)

– Сулфур диоксид сензор (SO2)

– Температура, атмосферски притисок и сензори за влажност

– Сензор за честички – PM2.5 и PM10

– Брзина и правец на ветер (само во некои уреди)

Исто така, во уредот ќе функционираат и сензори за количина на бука (амбиентални звуци) и UV зрачење.

 

Уредот е контролиран од микропроцесор, со специјално напишан вграден (embedded) софтвер.

Секој уред е опремен со GSM, WiFi и LoRaWan (алтернативно или редундантно).

Првите две функционалности се за да се овозможи вмрежување на уредите во mesh – мрежа на чворови кои меѓусебно комуницираат и испраќаат податоци до централен сервер.

GPS сензорот и функцијата ќе служи за точно одредување на позицијата на уредот на ниво на улична адреса.

Уредот ќе се напојува преку соларна енергија (фотоволтаици) и, алтернативно, преку стандарден електричен приклучок.

Сите уреди во одреден временски интервал (од неколку минути до неколку часови) ги испраќаат исчитаните податоци на централен сервер. Централниот сервер ќе ги акумулира податоците, и ќе ги обработува.

Предвидено е да се постават повеќе стотици уреди низ целата држава, за да се овозможи добра гранулација и локализација на податоците, како и да се израмнат евентуалните неточности со помош на поголемо количество на податоци од блиски локации.

Уредите ќе бидат компактни и weather-proof и ќе можат да се сместат на бандера, тераса, покрив, или било кое слично погодно место.

Обработените податоци ќе бидат достапни на web-сајт и на мобилни апликации. Освен тоа, податоците – во форма на big data – ќе бидат достапни за користење преку API (можност и други апликации да ги користат за научни или јавни потреби).

Уредите ќе бидат поврзани помеѓу себе со користење на базни станици кои ќе се распределени на различни клучни локации.