Адреса: Козле 93-16

Ресурси

Shape

На оваа страна можете да најдете сертификација, документација и останати информации за нашите комуникациски станици, сензори кои ги користиме и слично.  

Чиповите и сензорите од кои се произведуваат уредите на Екомонитор се од највисок квалитет, од најпознатите светски производители на висока технологија.

Но, проектирањето, бројните технолошки подобрувања, софтверот и знаењето се во потполност од македонско потекло.

Нашите експерти, машински и информатички инжинери, магистри и доктори на технички и природни науки, се од Македонија.

Делови од уредите, софтверот, начинот на поврзување и меѓусебна комуникација, се патентирани во Државниот завод за индустриска сопственост.

Инфраструктурата која се користи е во целост поставена, софтверски развиена и одржувана од Екомонитор. Ова вклучува податочни центри, комуникациски станици, комплексни интерконекции помеѓу главните чворови и слично.

Статистичката обработка на податоците е развиена од Македонски експерти, универзитетски професори по статистика и врвни информатичари – кои се дел од тимот или институции кои се соработници на Екомонитор.

Проектот е овозможен со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.