Адреса: Козле 93-16

За нас

Shape
КОМПАНИЈА

За Инфопројект ДОО

Инфопројект ДОО е информатичка компанија со главна дејност,  производство и имплементација на корпоративни софтверски решенија.

Infomatrix, интегриран ERP систем, е најважниот производ на команијата.

Нашите корисници и клиенти се домашни и странски компании. Позначајни клиенти се:
- Адинг АД, Скопје - производство на градежни матријали со фабрики во Македонија и Бугарија
- Тутунски комбинат АД, Скопје - дистрибуција на цигари
- Филолошки факултет „ Блаже Конески“ - Скопје
- Ветеринарна болница Скопје
- USAID - Social Impact, САД
- Butlers Cheeses, Велика Британија
- Факултет за ветеринарна медицина, Скопје
- Комерцијална Банка АД, Скопје - систем за BMS
- Ларс, Штип - производство на производи од конзервиран зеленчук
- Белина, Скопје - трговија со хемиски препарати и алати за градежништво

Повеќе информации побарајте на нашиот сајт https://infoproject.mk/

Основање и искуство

Инфопројект е основана во 1989 година (тогаш како занаетчиски дуќан), а во 1994 година како фирма. Како прва информатичка компанија во Македонија, имаме повеќе од 30 годишно искуство со изработка на софтвер по желба на клиентот. Во секоја имплементација работи експретски тим од врвно образувани и сертифицирани инженери за технологиите кои се применети.

Наша цел

Тие, нашите клиенти, сведочат за одговорноста, проактивноста, етичноста и доверливостa на нашата компанија. Крајниот резултат за нашите клиенти е можноста да ги намалат вкупните оперативни трошоци поврзани со нивното работење, унапредување на производството, зголемена продажбата и ефективност на човечките ресурси.

Вредности

Одржуваме интензивна програма за контрола на квалитетот, со нагласок на перформансите. Постојано ги подобруваме своите производи и услуги, употребувајќи ги најновите докажани компјутерски и софтверски технологии за развој. Како резултат на ова, производите на Infoproject се наоѓаат на врвот на технологијата скоро деценија и пол.

За Екомонитор

Основната цел на ЕКОМОНИТОР е да овозможи граѓаните и институциите да имаат целосен и точен преглед на загадувањето на воздухот и други параметри кои влијаат на животната средина и квалитетот на живеење.

Ова се постигнува со мрежа од професионални уреди за мерење на параметрите и нивно собирање и обработка во единствен централен систем.

Екомонитор овозможува колективно собирање (аквизиција) на податоци за квалитетот на воздухот, температурата, ветерот и други метеоролошки податоци во урбаните и екстра-урбаните средини во Македонија.

Податоците, после соодветна статистичка обработка, се презентираат на веб-сајт, мобилни апликации, а се достапни и преку API (апликациски интерфејс) за користење во други апликации.

Бројот на уреди е голем, за да може да се има подобра гранулација на резултатите.

Shape
Shape
Shape
Shape
Shape

Нашиот тим

Нашиот тим вклучува инженери, професори и врвни експерти од својата област. Сите даваат уникатен придонес и експертиза – потребни за развој на Екомонитор.

Владислав Бидиков

Систем инженер

Петар Орданоски

Директор за технологија

Ивица Гегоски

Машински инженер

Силвана Трајкоска

Финансов директор

Ванчо Орданоски

Управител

Ордан Чукалиев

Универзитетски професор

Антонија Ѓурковска

Машински инженер

Бранко Зафировски

MYSQL Експерт